Александар Велјановски: Изборите на 8 мај се одлучувачки и момент кога ќе ги испратиме во историја оваа владејачка гарнитура на СДСМ и ДУИ
Прес-конференција на кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Тетово, Александар Велјановски:
„Голема благодарност до сите граѓани кои што излегоа на изборите на 24 април и ја дадоа својата поддршка за коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Продолжуваме со активности да стигнеме со секое домаќинство, до секој човек, да стиснеме што е можно повеќе раце и да ја побараме поддршката затоа што сметаме дека изборите на 8 мај се одлучувачки и момент кога ќе ги испратиме во историја оваа владејачка гарнитура на СДСМ и ДУИ. Време е за обединување, особено во изборна единица број 6. Да се побара поддршката од сите Македонци но и сите други кои се незадоволни од актуелната власт и коишто со својата поддршка на изборите ќе овозможат промените да се случат во цела Македонија. Се надеваме дека ќе се обедините и ќе ја дадете поддршката на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата“, истакна Велјановски.