Соопштение на СВР Тетово, 27 април 2024
На 26.04.2024 во 11.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово бил приведен Р.Б.(58) од Тетово. Тој кај нас.„Дреновец“, управувајќи патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници, а откако по преземени мерки и активности бил сопрен, тој се однесувал агресивно кон нив. Покрај ова, при преглед во возилото, му бил пронајден и одземен метален пендрек. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 26.04.2024 во 16.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово на м.в. Бањиче лишени се од слобода Б.Ш.(24) и Л.Ц.(21), и двајца од Тетово, бидејќи во нивна непосредна близина била пронајдена марихуана. Тие се приведени и ќе се соочат соодветен поднесок.
На 26.04.2024 во 22.40 часот во СВР Тетово, М.Т.(20) од Тетово пријави дека М.М.(37) од Тетово во неколку наврати му изнудувал пари од ваучери за казино. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.