Прес-обраќање на кандидатката за пратеник од СДСМ Тетово Андријана Томовска:
Образованието е еден од најважните сегменти на нашето општество. СДСМ верува и вложува во зголемување на вредноста на образованието, најдобрата инвестиција во иднината е квалитетно образование за нашите млади.
Нашите деца заслужуваат образовен систем според стандардите на ЕУ. Затоа да го заокружиме бројот 1 затоа што нема откажување од иднината!
Ќе овозможиме подобри и побезбедни услови за учениците и подобри услови за живот во студентските домови преку реновирање на студентската инфраструктура. Сите училишта ќе бидат енергетски ефикасни.
Ќе се погрижиме сите ученици да имаат бесплатна и мотивирачка средина за спроведување на воспитно-образовниот процес. Ќе им помогнеме на родителите, на најмалите, преку бесплатен оброк во основните училишта, во износ од 150 денари дневно и бесплатен јавен превоз за сите основци. Бесплатен оброк во средните училишта во износ од 180 денари дневно, бесплатен јавен превоз за сите средношколци.
За нашиот средношколски систем подготвивме сет мерки за помош со субвенции, за стипендии, училишен материјал, оброци и превоз за сите средношколци. Мораме да се грижиме за нашите најталентирани ученици, да донесат успех во својата работа.
Но, исто така, мораме да водиме посебна грижа за учениците со попреченост и да инсистираме на континуирана поддршка за сите ни во текот на образовниот процес, осигурувајќи се дека сите добијат иста шанса. Ќе се погрижиме, студентите да ги добијат истите шанси и можности што ги имаат нивните врсници од Европската Унија.
Ќе продолжиме да се стремиме да го доближиме нашето образование до Европското со програми за размена на студенти, бесплатни екскурзии и укинување на таксите за испити. Ќе го зголемиме студентскиот оброк со 200 денари од 2024 година. Ќе обезбедиме ваучер за студентско сместување. Затоа, глас за СДСМ е глас за продолжување на развојот на образованието и вложувањата во науката.
Затоа, да заокружиме број 1, затоа што нема откажување од иднината