Претседателскиот кандидат Билјана Вановска вечерва во Гостивар ја заврши предизборната кампања пред првиот круг гласање на парламентарните избори. Во Гостивар се отвори канцеларија на Левица и беше одржан народен собир.
Ванковска: За мене ова е последна прилика во овoј момент пред изборниот молк, да се обратам на јавноста, на некој начин ја сумираме досегашната кампања, која што се однесува до мене лично, помина во една пријатна атмосфера, позитивна опкружена бев со извонредна народна енергија со луѓе кои непосредна сакаат да разговараат.
Се разбира разочарувањето останува од она што вчера се случи во вид на така наречена претседателска дебата, која јас ја сметам повеќе како симултано интервју со седум кандидати кои немаа баш можност баш да си ги вкрстат аргументите, многу прашања останаа неодговорени, сметам дека е просто и недолично да разговараме за теми кои се во ингеренции на владата, како што е борба против корупција, или младите, а да не разговараме за националната безбедност меѓународната безбедност, она што врховниот командант на врховните сили би го правел.
Меѓутоа се надевам дека тоа ќе остане тема битна за вториот круг на претседателските избори, се разбира борбена каква што сум ми останува и надежта и вербата, дека нешто сме постигнале на овој пат и дека, ќе се соочам веројатно со противкандидатка, ако не изненади противкандидатот, меѓутоа најверојатно тоа ќе биде време за вистинска дебата, и секако веројатно ја знаете информацијата дека Уставниот суд, утре ќе одлучува за нашата претставка, односно поплака во врска со правилникот за аудиовизуелни, медиумски услуги, која сметавме дека нè ускрати со правото на она платено претставување пред граѓаните, ќе ја дочекаме утре одлуката, расправата на судот, иако е постфесум, задоцнето, но ние реагираме веднаш, покажавме дека ќе користиме правни средства во изборување на нашите права.