Од 86.405 граѓани до 15 часот во Општина Тетово гласале 27.102 луѓе или 32,82 отсто во текот на денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.
Според податоци од електронскиот систем на Државната изборна единица за излезност на граѓантие за гласање на претседателските избори до 15 часот во Општина Теарце е 27,62 % отсто, во Општина Боговиње 22,07 % во Општина Брвеница 27,48 %, во Општина Желино 20,22 отсто и во Општина Јегуновце 29,43 отсто од вкупниот број гласачи.
Во шесте општини на тетовскиот регион на претседателските избори можност за гласање ќе имаат 188.329 вкупно граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на вкупно 265 избирачки места.