Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53% од вкупниот број 86.405 гласачи. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.
Според податоци од електронскиот систем на Државната изборна единица за излезност на граѓаните за гласање на претседателските избори до 17 часот во Општина Теарце е 33,55 % отсто, во Општина Боговиње 27,98 % во Општина Брвеница 34,54 %, во Општина Желино 25,48 отсто и во Општина Јегуновце 38,02 отсто од вкупниот број гласачи.
Во шесте општини на тетовскиот регион на претседателските избори можност за гласање ќе имаат 188.329 вкупно граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на вкупно 265 избирачки места.