Соопштение СВР Тетово 25 април 2024 година
На 24.04.2024 околу 12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,113“ во Тетово патничко моторно возило ,,ауди“ со тетовски регистерски таблици, управувано од М.А. (64) од тетовска Шипковица, удрило во малолетен пешак од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.
На 24.04.2024 во 10.50 и во 12.25 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено, поради сомнение дека околу 04.00 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје, од вработените одзеле пари. Тие се задржани во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.04.2024 во 17 часот во Тетово полициски службеници од СВР-Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле А.М.(42) од Тетово, кој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци поради сторено кривично дело казниво по член 288 и член 396 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во КПУ Затвор Идризово за издржување на затворската казна.
На 24.04.2024 во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 25.04.2024 во 02:20 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица ,,Киро Ристоски -Дрнц“ во Тетово го привеле Ѓ.М.(42) од Тетово поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека преземале службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.