„На местото на заседата кај Вејце 23 години подоцна делегација на Достоинство утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај с.Вејце. Да не се повтори, да не се заборави, Вечна ви слава, херои македонски, порача Стојанче Ангелов преку Фејсбук.
На 28 април 2001 беа убиени Игор Костески (26) од Скопје, Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово,Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Илче Стојановски (24), Кире Костадиновски (24),Бошко Најдовски (24) и Марјан Божиновски (27),сите од Битола.