• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Две акциски контроли вчера во Тетово-а подигнати се и 17 погрешно паркирани возила

10/05/2023
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во рамките на спроведената акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз, вчера (9 мај) околу 7 часот и 30 минути на улица „Маршал Тито“ во Тетово запрено е патничко моторно возило „мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 40-годишник од тетовско Подбреѓе. Возилото било управувано без потребните документи за вршење на јавен превоз и  на возачот ќе му биде изготвен поднесок по член 284-а од Кривичниот законик, информира СВР Тетово.

Вчера (9 мај) од 14 до 20 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола, во која биле откриени и законски санкционирани 2 технички неисправни возила (ТЕ-1 и ГВ-1), кои имале неисправни сопирачки (ТЕ) и уред за управување (ГВ). Двете неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите изготвени им се поднесоци. Санкции биле изречени и на 1 возач (ТЕ) кој управувал возило без возачка дозвола, 1 возач (ГВ) со важечка забрана за управување возило и 13 други видови прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-1) кои се однесувале на возачи.

При контролата, исто така, откриени се и 17 (ТЕ) непрописно, односно погрешно паркирани возила, кои се и подигнати од тетовската „пајак-служба“, како и 2 други видови сообраќајни прекршоци (ГВ). Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел навреме да се проверува техничката исправност на возилата и да се отстранат евентуалните недостатоци од ваква природа и карактер, да не се седнува зад волан без положен возачки испит или со важечка забрана за управување, но и прописно да се паркираат возилата на наменски определените места. На возачите им се укажува да избегнуваат паркирање во таканаречени „двојни редови“.

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

СВР Тетово: На улицата „Струшка“ возило се движело наназад-повреден 62 годишник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!