Ема Нешковска: Да гласаме за нашиот претседател Стево, за европска иднина и европска Македонија
Во рамки на кампањата „Нашиот претседател-Стево“ со прес-објава се обрати Ема Нешковска кандидат за пратеник од Гостивар:
Се наоѓаме пред крајот од кампањата на претседателските избори. Во изминатите денови, имавме прилика да ги видиме и слушнеме програмите на претседателските кандидати.
Од сето она што беше презентирано и промовирано, јасно е дека единствениот кој има искрени намери, јасна визија и цел Македонија да биде дел од европското семејство е Стево Пендаровски!
Стево е човек кој во изминатите 5 години, многупати покажа и докажа дека е претседател за сите граѓани и дека за него, разлики не постојат!
Дека се грижи за маргинализираните, за незаштитените, за обесправените, за дискриминираните и малкубројните.
Дека е човек кој борбата за слобода, еднаквост и демократија ја направи наша реалност, а концептот за социјална правда е негов приоритет.
Стево верува во младите и е активен промотер на младинскиот порив и политики за подобра иднина.
Човекот, кој со својата професионалност, храброст и чест го врати достоинството на функцијата претседател и и даде друга димензија.
Почитувани, Пред нас е важна одлука. Одлука со која бираме во каква Македонија сакаме да живееме ние и нашите деца. Одлука со која ќе избереме дали сме за напредок и прогрес, рамо до рамо со најразвиените држави, почитувани и ценети како македонци или одлука со која ќе избереме изолација, деструктивност, кочење на процесите и враќање многу чекори назад.
Државата не заслужува изолација, туку интеграција! Тоа го заслужуваат нашите граѓани и идните генерации! Поради тоа, Ве повикувам на 24ти април да го заокружиме бројот 1 и да гласаме за нашиот претседател Стево! Да гласаме за европска иднина и европска Македонија! Нема откажување од иднината!