Без притисоци и списоци, без телефонски повици и без сендвичи и комбиња! Бојан Велевски и Марјан Ѓеоргиевски пред преполната сала во Марко Цепенков, од Прилеп ја започнаа својата кампања за спас на Македонија!
Префинет, политички, интелигентен хумор, по текст на маестро Божидар Божиновски. Перформанс кој наиде на одличен прием кај пребирливата прилепска публика. Испратени со овации и голема поддршка во нивниот поход да го разубават бар за тие час и половина секојдневието во овие тешки времиња.
Митингот во Тетово е на 24.03. 20 ч во Домот на културата. Половина сала е веќе продадена. Картите се во Гранд Тобако и Вајб бар (400ден)
ПР објава