Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова вчера во Тетово ја промовираше кандидатурата пред членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ. Таа посочи дека функцијата претседател на Македонија мора да има улога која ќе обединува, како и дека се нужни длабоки реформи за остварување на целта- членство во ЕУ.
„Легитимитетот на претседателот извира директно од граѓанинот како носител на суверенитетот. Кога се избира претседател, таа личност треба да обедини и други луѓе кои нема да гласаат за партијата од идеолошки или од други причини. Претседателите и претседателките во светот персонифицираат национално единство, консензус. Тие се всушност медијатори меѓу Владата и Собранието. Во уставот се вели дека најмалку еднаш претседателот треба да се обрати пред Собранието, тоа обраќање треба да се надмине со повеќепати, и да се појави во Собранието тогаш кога треба да се обединиме околу националните интереси, тогаш кога ќе заборавиме на партиските, идеолошките и етничките разлики. И тогаш ќе ја почитуваат и државата и претседателот“, истакна Гордана Силјановска Давкова.
Таа посочи дека сега поделбата на власта опасно се нарушени односите.
„Супермоќна е владата и премиерот. Техничкиот премиер наместо да води избори, бидејќи тој е наменски премиер ад-хок градејќи доверба во владата на различни партии, тој оди по форуми, стана и економист и менаџер и се однесува султански”, посочи Гордана Силјановска Давкова.
Според неа цензусот од 40% во вториот круг сега служи само за политички пазарења и како таков треба да се смени и да се бира претседателот со мнозинството на гласови со оглед дека легитимитетот извира од народот кој гласа, како носител на суверенитет. Реформите се нужни и во сите области, посочи таа.
„Оваа длабоки реформите според Копенхашки критериуми, владеење на право, слободи и права, независно судство, либерална економија, рушење на монополите, само така ние ќе стигнеме до ЕУ, а не со рефрени ЕУ, ЕУ про-ЕУ про-европски, реториката е само покритие за неспремност, алиби да ѝ се додворувате на ЕУ“, кандидатката за претседателка.
Силјановска Давкова посочи и дека ако сака претседателот да биде демократски фактор за амбасадори и конзулите треба да го одбира најдобрите и да создаде слика која ќе почитува.