Во канцеларијата на Левица –Тетово, носителот на ИЕ6, Игор Димески ја презентираше програмата за престојните избори, преку свое обраќање кон сите граѓани.
Од презентираните проекти го издвои автентичниот проект, кој се однесува на народните електрани. Проект кој ќе му обезбеди на секое семејство сопствена централа за производство на електрична енергија
„Заштита на домашното производство преку протекциони мерки, национализација на сите дистрибутивни мрежи во Македонија, задолжителни полици за македонски производи во сите маркети, државна комерцијална банка за бескаматно наменско кредитирање, гарантирани цени за најосновните прехранбени намирници. Инвестирање и модернизација за земјоделието и субвенции за мотивирање на луѓето да останат да живеат на село, воведување на максимални каматни стапки, данок на експлоатација на компаниите, данок на екстра профит за компаниите во криза, напуштање на политиката на рамни даноци каде сиромашниот и милионер плаќаат ист процент на данок. Ударна мерка на Левица на овие парламентарни избори се народни електрани. Народни електрани е автентичен проект на Левица кој на секое семејство ќе му обезбеди сопствена централа за производство на електрична енергија, ги решаваме високите сметки за електрична енергија, истакна Игор Димески.
Носителот на кандидатската листа Димески, денес реализираше и повеќе средби со граѓаните на Тетово и регионот.
ас