• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Издавачката куќа ТЕМПЛУМ распиша конкурс за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ за 2022г.

13/10/2022
во Актуелно, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Издавачката куќа ТЕМПЛУМ по седумнаесетти пат го распишува конкурсот „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик.

За наградата може да конкурираат исклучиво дебитанти, кои пишуваат на македонски јазик и кои претходно немаат објавено прозна книга.

Ракописите, треба да бидат напишани на кирилица, во македонска кодна поддршка, со фонт 12, проред 1,5 во А4 формат и не смее да бидат подолги од 160 страници, т.е. 300.000 компјутерски знаци, и покуси од 48 страници, т.е. околу 90.000 компјутерски знаци.

Под проза пред сè ги подразбираме кусите или подолгите раскази и романи, вклучувајќи ги и специфичните жанровски експериментални форми.

Ракописите може да се испраќаат најдоцна до 15-ти ноември 2022 година, на следнава електронска адреса: konkurs.novite@gmail.com. За сите дополнителни прашања може да се обратите на истата адреса.

Наградата која изнесува 1000 евра (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“ ќе се додели кон крајот на месец декември 2022 година.

Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова (Будимка Поповска), Дозгулпмус (Климент Булоски), Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон (Кирил Минанов), Дејан Мирчески, Драган Георгиевски, Михајло Свидерски, Сања Михајловиќ Костадиновска, Ѕвездан Георгиевски, Гето Руди (Дејан Василевски), Андреј Ал-Асади, Ирена Јурчева, Игор Лозаноски и Марија Ангеловска.

Целта на наградата е да ги промовира и афирмира новите автори во македонската книжевност, новите тенденции во литературата, новите поетички начела, новиот пристап, новиот начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла: културно, пред сè, но и економски и медиумски…

Поврзани објави

Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Следна објава

ПК Љуботен организира искачување до врвот Љуботен, задолжително пријавување до петок

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.