• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Теми и интервјуа

За најдобар мед од костен два шампионски пехари во Србија освои тетовчанецот Владимир Петровски

16/09/2023
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Квалитетниот тетовски костенов мед носи шампионски награди од целиот Балкан. Вака го почнува разговорот тетовчанецот Владимир Петровски, кој со неговиот мед од костен успеа да освои два шампионски пехари од Србија.

Овие две награди, според Владимир, не се само негови личен успех, туку показател на квалитетот на овој вид мед во Полошкиот регион, особено во потшарпланинското подрачје. Тој чува пчели во селото Непроштено, кое е опкружено токму со костенови дрвја.

– Костенот е малку специфичен. Цветот на костенот кога цути во јуни, има отворена реса и кога ќе заврне дожд ја плакне ресата, па паѓа нектарот. Сега годинава имавме среќа токму тие едно две недели да не врне тој период во јуни. Поради специфичната реса, костенов мед многу малку се создава, па имаме одредена ексклузивност. Секогаш се приносите помали од пример багремот од што се добиваат значајно повеќе количини. Ако се временските прилики добри, костеновиот мед е мал по количини но многу квалитетен, објаснува тетовскиот пчелар.

Друг параметар што влијае да има квалитетен мед е времето кога ќе се собере. Владимир објаснува дека над пчелните сандаци става и помали кутии каде пчелите го оставаат медот. Но потенцира и дека иако пчеларите ги подготвуваат пчелните сандаци сè зависи од времето за добра реколта.

– Тие се таканаречени мали медишта кои полесно и побргу пчелите ги полнат, па веднаш кога ќе се наполни го тргам и така имам чист костенов мед. Ако на пример оставам да се носи мед повеќе време можно е да пчелите донесат и багремов нектар. Затоа практикувам чист костенов мед. Годинава реално и немаше багремов, изгоре цветот на багремот. Инаку во јуни годинава само една недела медеше костенот интензивно па прекина. За да меди цветот, треба температура, влага, се да биде оптимално. Премногу зависиме од временски фактори. Ние ќе ги подготвиме пчелите па потоа чекаме оптимално време за да имаме резултат. Нема што да се прави, твое е да ги подготвиш пчелите и што ќе даде времето, вели Владимир Петровски.

Така поради временските прилики, за разлика од годинава, лани во јуни подобар квалитет и принос на мед пчеларите имале од багремовите цветови од колку од костеновите.

– Сега годинава имавме среќа едно две недели да не врне тој период во јуни. Македонија има и други места каде има квалитетен костенов мед, како Поречки регион и Струмички регион ама нема тој интензитет. Но јас тврдам дека тој што ќе се научи да јаде костенов мед, потоа друг вид мед не користи. Интензивен е, јак е, има горчина, ако се научиш на него после друг вид мед го мислиш за вода, рече Петровски.

 На Собир на пчелари и земјоделци „Девојачки бунар“ во Србија на почетокот на септември Петровски добил Прва награда за костенов мед, а претходно на Новосадски саем-Голем златен медал, односно прво место за квалитет на костенов мед.

– Со костеновиот мед на ниво на Балканот сме меѓу најдобрите, Босна и Херцеговина има добар мед по основа на силина, но и таму има награди за македонски производители. Таква ние е околината, таква е цела Шар Планина. Моите пчелни сандаци се во Непроштено и пчелите шетаат по костените над селото во шумата. Целата шума е костенова и дел од полето е со костенови дрвја. Кога ќе почне да цвета прво полето цвета, па после шумата, јас сум во подножје па на пчелите им е лесно да се качи празна и да собере и да слезе, истакнува пчеларот од Тетово.

На натпреварот „Девојачки бунар“ мед се оценувa преку органолептичко испитување со преглед на вкус, мирис и боја. На Новосадскиот земјоделски саем се прават органолептички но и хемиски анализи во лабораторија.

Петровски е дел од здружението на пчелари „Полошки мед“ кое заедно со здружението„Градот на пчелите“, востановија и саем на производителите на мед во Тетово.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Се одржа првата од двете фестивалски вечери на Лешочки камерен музички фестивал

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!