• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Министерството за култура со иницијатива за преместување на библиотека, вработените алармираат дека тоа не е соодветно решение

10/08/2023
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вработените во тетовската библиотека „Кочо Рацин“ алармираат дека иницијативата од страна на Министерството за култура за нивно преместување во друг дел од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ ќе ја отежни работата, а просториите не се соодветни за библиотечна дејност. Првично предвидено е библиотеката да се премести во соседните простории коишто досега ги користеше Факултетот за музички уметности при Универзитетот во Тетово, а во нивните простории да бидат канцеларии на Делегацијата на Европската унија.

– Овде има околу 158 квадрати, а таму има 143 квадрати. Во таа просторија нема ни тоалет, ни место каде да седат вработените. Имаме 83 илјади книги плус весници, а таму нема да има циркулација на воздухот ќе се задушиме таму. Тоа се фактички четири училници со пониска висина, не е исто како просториите каде што сме моментално, рафтовите нема да ги собере. Ние како институција како вработени не сме против да се преселиме во просторија со подобри услови. И овие не се услови за библиотека, но се мачиме и чекаме 20 години за новиот објект. Ако е за кратко време Министерството може да бара локација, барем да има 300 квадрати, барем малку да ги исполнува условите. Не да не носи во училници, изјави Махи Муртезани, библиотекар.

За состојбите со двете простории Министерството за култура побарало мислење од вработените во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.

– Пред некоја недела, од Министерство за култура стигна писмено барање во врска со просториите што се наоѓаат во Центар за култура, поточно сегашните простории на библиотеката „Кочо Рацин“ и просториите каде што се наоѓа дел од Универзитетот. Министерството бара мислење од наша страна, дали Центарот за култура ги користи. Уште немаме дадено мислење, не е донесена одлука од Управен одбор, изјави Вулнет Фејзулахи, секретар на Центар за култура.

За ставот на вработените дека предложените простории за библиотеката не се соодветни, побаравме одговор од Министерството за култура. Од таму одговорија дека Министерството во континуитет ги увидува потребите на националните установи кои се во негова надлежност, како што се Центарот за култура и библиотеката.

– Во соработка со нив, Министерството е насочено кон соодветно решавање на просторното прашање на Библиотеката. Можното дислоцирање ќе биде со исполнување на соодветни услови за нејзино функционирање, стои во одговорот од службата за односи со јавноста.

За надминување на просторните проблеми на библиотеката во Тетово постои трајно решение. Од 2014 година почна со изградба на нов објект каде треба да се сместат библиотеката и Тетовски театар. Од Министерството велат дека годинава за тој објект во нивниот буџет се обезбедени 116.979.000 денари.

– Времетраењето на изградбата на објектот наменет за театар и библиотека во Тетово е предвидена со динамиката за обезбедената согласност за повеќегодишна јавна набавка. Согласно заклучок на Владата, динамиката на изведбата е продолжена до 2027 година. Во тек е изведба на градежни, градежно занатски работи и инсталатерски работи. Според доделениот договор и според продолжувањето на динамиката, објектот се очекува конечно да биде завршен и пуштен во употреба во 2027 година, информираат од Министерството за култура.

Тетовската библиотека има 5300 активни читатели активни, со дневна фреквенција од 300 до 500 читатели.

ас

 

 

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Сообраќаен режим утре во Тетово поради посетата на косовскиот премиер Албин Курти

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!