Од денеска љубителите на висококвалитетна спортска облека од брендот Флаир (FLAIR) имаат можност да се снабдат со производи од новата летна колекција.
По повод претстојните празници целокупниот асортиман има попуст од 30 %.
Новите видови на тренерки, патики, маици и голем број други производи може да се најдат во продавниците на FLAIR во Тетово на улицата „Благоја Тоска бр. 41а (од зелен пазар во правец кон касарната) и во Гостивар на улица „Гоце Делчев“бр.66
Нашето мото FEEL THE MOVE (Почувствувај го движењето ) беше диктирано од луѓе кои живеат со полна брзина и знаат дека движењето е здраво. Нашата мисија е да поттикнеме сè повеќе луѓе да спортуваат за да бидат поздрави, покреативни, поуспешни и посреќни!
Брендот е инвестиција на германски претприемачи, кои своето производство го лоцирале во Бугарија и има изградено препознатлива традиција во производството на облека за сите видови на индивидуални и колективни спортови.
Активната политика на Флаир и големата ангажираност во промовирањето на физичката активност, рекреацијата и спортот, придонесе за забрзано темпо на развојот на брендот во последните неколку години во земји од Европската Унија, во земји од регионот, но и на азискиот континент.
Следете го FLAIR на Инстаграм
За онлајн купување: https://flairsportmk.com/
(ПР објава)