• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Биљал Касами: Оваа Влада нема капацитет да го реализира Коридор 8

05/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска изјави дека актуелната Влада нема капацитет да ги реализира најавените автопатски делници од Коридор 8, а тоа го смета затоа што власта има многу проекти за тетовскиот регион кои останале само најава.

За вчерашното неприсуство на свеченоста за Коридор 8 не одговори дали Општината имала покана, но рече дека нема да присуствуваат на „свадбите без зет и невеста“ на Владата.

-Нема да присуствуваме на никакви промоции на свадби без зетот и снаата, затоа што знаеме дека оваа влада е позната по тоа што прави такви свадби. Досега само во тетовскиот регион има промовирано три проекти кои нигде не се. Прво фабриката за електрични возила која пред изборите беше промовирана, никој не знае дали кога ќе почне да се стави камен темелник. Исто така, од самиот поранешен премиер во Тетово во изборна кампања беше промовирана инвестиција од 150 милиони евра. Исто од Еколог во делот на инвестиција на резиденцијални објекти, болница и такви работи, самиот премиер Заев го промовираше. Поранешниот министер за екологија промовираше инвестиција за Попова Шапка од над 150 000 000 евра, отиде министерот отиде инвестицијата, истакна Биљал Касами.

Тој рече дека ваквите најави од централната власт се заради нивната неуспешност.

-За нас како Движење Беса е еден од од најважните коридори, Коридорот 8, затоа што како што беше како што е веќе завршен Коридор 10 што го поврзува југот со северот исто така толку важен е и Коридорот 8 за исток-запад, но оваа Влада нема капацитет тоа да го реализира, а се ова што се прави веќе медиумите вие објавувате секојдневно дека целта е корумпирачка и дека не е целта да се реализира таквиот капитален проект, истакна Касами.

Тетовскиот градоначалник рече дека со централната власт Општина Тетово нема никаква соработка во областа на образованието, со полицијата, урбанизмот и културата и за тоа трпат граѓаните.

ас

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Биљал Касами и Движење Беса прифаќаат уставни измени кои го рефлектираат мултиетничкото општество

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!