Утре, сабота 24 декември Новогодишен базар со хуманитарна акција и изложба на Попова Шапка организираат десетина македонски брендови кои прават рачни изработки. Ова е прва ваква предновогодишна активност.
-Првиот новогодишен шарпланински базар ќе го разубават десетина македонски брендови и творци на уникатни рачни изработки и дела. Дружбата и забавата ќе биде надополнета и со можност за хуман гест и донации за хуманитарната акција „Стопли семејство“. Покрај штандовите на македонските брендови, на овој базар за прв пат ќе биде претставена изложбата „Нов архитектонски концепт за жичарница Тетово-Попова Шапка“ (историја, контекст, континуитет) на архитектот Благоја Ристовски, најавија организаторите.
Базарот ќе се одржува во хотелот Арена на Попова Шапка, а предвиден е и настап на музичари.Започнува од 18 часот.