Шумарската служба на Соединетите Американски Држави има повеќе од 100 годишно искуство во справување со шумски пожари и на Шар Планина се веќе една недела.
Група од експерти помагаат НП Шар Планина да воспостави систем на ефикасно справување со пожари на територијата на Паркот преку подготовка на план за справување со пожари и интензивна теоретска и практична обука за сите вработени.
„Обуката се однесува на протоколарно постапување при инциденти, до планирање и тактики за справување со пожари на отворено, комуникација, употреба на алати, следење на временска прогноза како и безбедност при работа. На обуката учествуваа и претставници на ЦУК, ДЗС и против пожарната територијална единица од Гостивар како и неколку локални волонтери со цел да се зајакне меѓуинституционалниот пристап при справување со вакви катастрофи. Денес е последниот, практичен дел од обуката. Преку тактики за воспоставување директна или индиректна линија за справување со пожар вежбаме и дискутираме можни сценарија за справување со пожар при различен тип вегетација и различна топографија“изјави Ибрахим Дехари, директор на Паркот.
Тој вели дека ваквите соработки и комуникација во мирни услови, а не во услови на кризни настани, се од особена важност за приближување на ставовите и можно заедничко интервенирање во иднина.
„Особен акцент беше ставен на потребата од едукација и превенција и затоа во иднина ќе имаме заеднички институционален пристап па така уште еднаш потсетуваме дека палење оган е недозволено и неодговорно однесување. Со помош на неколку различни донатори нашите институционални капацитети се подобруваат. Така и последната донација од пумпа и десет против пожарни комплети облека, рачен алат и една грбна дувалка добиени од ОБСЕ ни се од огромна важност за поефикасно и побезбедно справување со пожарите“, истакна Дехари.
ас