• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 30 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Планинарски клуб Љуботен по 41-ви пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв

22/05/2023
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарски клуб Љуботен – Тетово по 41ви пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв, кое само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во Република Македонија. Со вакви настани, нашата земја гради традиција која трае и нѐ претставува пред меѓународната јавност, истакнувајќи ја грижата за здравјето, зачувувањето на природата и стремежот кон одржливо живеење и развој.

 

Со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, согласно препораките на ФПСМ – Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија за „Организација на големи традиционални планинарски акции“, Планинарскиот Клуб „Љуботен“ ги поканува сите друштва/клубови да земат учество на овој заеднички планинарски настан. Сите заинтересирани друштва/клубови задолжително е да се пријават преку формуларот за пријавување и изјава на координаторот (во прилог), со што би стекнале статус на учесник во организираната активност.

 

СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ
● Превозот до Попова Шапка е во сопствена организација.
● Обезбедено е ноќевање во:
– Хотел Славија – Попова Шапка по цена од 900 ден (15 €) за ноќевање
– Хотел Тетекс – Попова Шапка по цена од 1 800 ден (30 €) за полупансион (HB)
● Ве молиме, благовремено и најдоцна до 23.05.2023 г. да го пријавите Вашето учество, за да можеме да го организираме сместувањето во обезбедените сместувачки капацитети. (за дополнителни информации Ви стоиме на располагање).

 

КОНТАКТИ
– Игор Стојаноски – моб: +389 (0) 78 380 508
– Деспина Тофиловска – моб: +389 (0) 77 592 091
– e-mail: kontakt@pkljuboten.org.mk

 

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ
27 мај 2023 (сабота):
– 11:00 ч. – 18:00 ч. – прием на гости во хотелот „Славија“ – Попова Шапка
Активности:
> акција за чистење 13:00 ч. – 14:00 ч.
> планинарски базар 15:00 ч. – 20: 00 ч.
> квиз на планинско знаење 15:30 ч. – 17:00 ч.
> проекција на планинарски филм 17:30 ч. – 18:30 ч.
– 19:00 ч. – свечено отворање на настанот во холот на хотелот „Славија“ – Попова Шапка.
– 19:30 ч. – состанок со координаторите на групите на кој ќе бидат детално објаснети условите за искачувањето и доделување на дипломите за учество
– 20:00 ч. – 23:00 ч. – планинарско дружење и забава.

 

28 мај 2023 (недела):
– 06:30 ч. – Тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по „Вакуфска Патека“!
– 11:00 ч. – пристигнување на колоната на Титов Врв
– 12:00 ч. – тргнување на колоната од Титов Врв кон Попова Шапка
– 16:00 ч.– пристигнување на Попова Шапка, послужување со планинарски чај организиран од „Пријателите на Шара“, забава со диџеј и отворени штандови со локални производи
– 18:00 ч. – испраќање на гостите и затварање на настанот.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето може да се изврши:
● со испраќање на скенирани оригинални формулари и изјави (во прилог), на официјалната маил адреса на П.К. Љуботен – kontakt@pkljuboten.org.mk, најдоцна до 23.05.2023 г., до 19:00 часот и со доставување на пополнети оригинални формулари при пристигнување на друштвата/клубовите и организираните здруженија во сместувачките капацитети на 26.05.2023 г., до 18:00 часот или
● со пополнување на формулари и изјави при пристигнување на друштвата/клубовите и организираните здруженија во сместувачките капацитети на 26.05.2023 г., до 18:00 часот.
● Пријавувањето се врши со цел верификација за учество на 41то традиционално искачување „Титов Врв 2023“ на друштвата/клубовите и организираните здруженија и доделување на диплома за учество.

 

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИСКАЧУВАЊЕТО
– Движењето се одвива по Вакуфска Патека во организирана колона по наведента програма!
– GPS податок за патеката Ви доставуваме во прилог!
– Координаторите на друштвата/клубовите, задолжително да присуствуваат на состанокот со координаторите!
– Координаторите на друштвата/клубовите се одговорни за пријавените членови од матичниот клуб и секој координатор потребно е да има обезбедено доволен број на водичи сразмерно на бројот на пријавени учесници од матичните клубови – согласно препораките на ФПСМ („упатство за број на учесници во планинарска акција за планинарски водичи“)
– Исхраната е сопствена, индивидуално предвидена за планинарска тура до 10 часа!
– За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за во зимски услови!
– Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција!
– Сите индивидуални лица кои сакаат да земат учество на настанот мора да се приклучат кон одредено друштво/клуб и организирано здружение со формална пријава.
– Организаторот го задржува правото за промена на програмата во зависност од временските услови.

 

ПРЕПОРАКИ НА ФПСМ
Сите учесници се должни да се придржуваат кон следниве препораки:
− „Движење низ планина во зимски услови“
− „Препораки за опрема“
− „Безбедна посета на планините во зима бидете подготвени и одговорни“
− „Кодекс на честа на македонските планинари“

Напомена: Планинарскиот Клуб „Љуботен“ не одговара за последиците кои би се случиле вон оваа програма, како и за учесници кои немаат доставен формулар за пријава! Сите формално непријавени друштва/клубови и учесници се смета дека не се дел од организацијата на 41то традиционално искачување „Титов Врв 2023“.

 

Поврзани објави

Вести

Честите врнежи од дожд помогнаа да има чист воздух во Тетово

30/05/2023
Вести

Oткриени и санкционирани 32 прекршоци за неправилно и непрописно престигнување

30/05/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-Пријави за напад врз дете и измама, украден лаптоп од џамија, повреден велосипедист

30/05/2023
Вести

Промоцијата на волонтерството како начин младите да активно да решаваат проблеми во заедницата

30/05/2023
Вести

Во Загреб е поставена изложбата „Убавите жени“ на тетовскиот уметник Славчо Максимовски

30/05/2023
Вести

Универзитетот во Тетово го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов

29/05/2023
Следна објава

СВР Тетово вчера од 14 до 19 часот изрече 80 мерки поради пребрзо возење

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!