Соопштение на МВР 2 мај 2024
На 01.05.2024 во 18.45 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(35) од с.Мала Речица, тетовско.
При претрес во домот кој го користи под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксии со насади од растението канабис, шишиња со течност и други предмети поврзани со делото.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.05.2024 во 21.40 часот во тетовско Желино, полициски службеници од Полициско одделение Групчин ги лишиле од слобода Д.К.(26) и Ј.Т.(23), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.