• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Професори од РЦСОО „Моша Пијаде“-Тетово беа во Португалија на размена на искуства за програмирање и роботика

12/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Профеосори од Регионалниот центар за стручно образование и обука  „Моша Пијаде“ од Тетово од 25 до 27 октомври учествуваа на четвртата мобилност на Еразмус+ проектот Од мисли до кодови (From Thoughts to codes) во Повоа де Варзим, Португалија.

-Домаќин на настанот беше Escola Secundária de Rocha Peixoto – Póvoa de Varzim , кое е на неколку километри од Порто на брегот на Атланскиот Океан. Координатор на проектот е училиште од Грција, а партнерски училишта се нашето училиште и училишта од Романија, Италија и Турција. Наставниците имаа можност да споделат добри практики од областа на програмирање и роботика преку употреба на апликации како Appinventor и Scratch, како и употребата на плочата Arduino преку Makey Makey во Fábrica Centro Ciéncia Viva-научен центар. Исто така домаќинот организираше работилница за кодирање каде ученици од училиштето имаа задача да помагаат на наставниците, информира координаторката на проектот Виолета Србиновска.

Професорите од „Моша Пијаде“ имаа и посета и работилница на Универзитетот во Авеиро во одделот за роботика каде беа научени некои истражувачки концепти за програмирање на роботи кои симулираат човечки активности-роботите играат фудбал.  Воедно ги посетија и културно историските знаменитости на земјата домаќин, односно значајни места во Повоа де Варзим и Порто.

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Промовиран романот „Татко ми, Босфор“ на тетовскиот автор Јован Илиески

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.