СВР Тетово информира дека вчера (9 април) пријавено е дека во текот на второто полувреме од првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Вардар од Брвеница и Беса од Челопек, незадоволни од донесената судиска одлука, резервни играчи и четириесетина навивачи на Беса влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со судиите и делегатот на натпреварот.
-Со интервенција на полициските службеници на СВР Тетово, тие биле спречени во намерата, но продолжиле да се однесуваат агресивно и неспортски, по што натпреварот е прекинат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за санкционирање на инволвираните, се наведува во соопштението на СВР Тетово.