РАБОТЕТЕ ВО ГЕРМАНИЈА, ЖИВЕЈТЕ ВО ТЕТОВО – ЗАПОЗНАЈТЕ ГО CONCENTRIX + WEBHELP NORTH MACEDONIA
Concentrix + Webhelp North Macedonia нуди нови можности за вработување
Тетово 17.04.2024 год. – Претставништвото на водечката светска компанија за решенија и технологии за искуство со клиенти (CX), Concentrix + Webhelp North Macedonia,ќе започне со работа во Тетово. По тој повод ќе организираат отворени денови и ќе ги поканат сите заинтересирани од Тетово и околината да дојдат, да се запознаат па дури и да се вработат.
Concentrix + Webhelp North Macedonia е специјализирана за корисничка поддршка на германски јазик и нуди современи услови усогласени со европските и светските стандарди, можност за упапредување и усовршување, како и работа со големи меѓународни проекти.
Оливер Дерлер, извршен директор на Concentrix + Webhelp Balkans, не потсетува дека ова не е нивна прва инвестиција во Северна Македонија: „Од 2021 год., успешно работиме во Скопје, а проширувањето на нашиот бизнис во друг град е логичен редослед земајќи го предвид висококвалитетниот стручен кадар во Северна Македонија, успешно реализираните проекти и растечкиот пазар“, истакна Дерлер, „Тетово се покажа како одличен избор поради инфраструктурата и мултикултурното опкружување. Се радуваме што експерти од Тетово, Гостивар и околината ќе имаат можност да создадат уникатни кориснички искуства за големи меѓународни клиенти во областа на телекомуникациите“.
Concentrix + Webhelp North Macedonia ги нарекува своите вработени #gamechangers, нагласувајќи дека токму тие поставуваат стандарди и создаваат искуства кои ги дефинираат најголемите светски брендови. Бизнисот ги заштитува своите луѓе.
„Се обидуваме да успееме секој што бара работа, да не препознае како посакуван вработувач“, забележува Лилјана Секуловска, сајт директор на Concentrix + Webhelp North Macedonia. „Овозможуваме поддршка во професионалниот развој и создаваме заедница во која се цени напредокот на сите, притоа почитувајќи го балансот помеѓу животот и работата на нашите колеги. Нашите вработени се секогаш на прво место и следејќи ги нивните потреби создаваме одлична работна атмосфера. Фактот дека оценката на нашата компанија како работодавец е 9,3 од 10 ни покажува дека успеваме во нашата мисија“.
Канцеларијата на Concentrix + Webhelp North Macedonia во Тетово се наоѓа на Булевар Видое Смилевски Бато ББ, што овозможува пристапност од сите страни на градот.
„Свесни сме дека нашите колеги се тие што ја прават разликата и затоа се трудиме да им обезбедиме најдобри работни услови и да им покажеме колку ги цениме. Во Тетово, нашите борци за промени ќе имаат можност да работат во најмодерна средина и со најмодерна технологија“, додаде Дерлер.
Арта Беќирај, директорката за човечки ресурси и регрутирање за Балканот, ги поканува сите заинтересирани да ги посетат нивните простории: „Во периодот 10:00 часот предпладне па се до 17:00 часот организираме отворени денови кога ќе се претставиме и ќе одговараме на сите прашања на посетителите поврзани со работните места во Concentrix. Ги покануваме сите заинтересирани да дојдат, да ја посетат нашата канцеларија, да се дружат и да се запознаат. Нашите колеги ќе ве запознаат со сите детали, па дури можат да ви дадат информации за тоа кога можете да почнете со работа“.
Concentrix + Webhelp работи во повеќе од 70 земји низ светот, на шест континенти и со повеќе од 500 локации, а преку 440.000 #gamechangers работат секој ден за да создадат искуства кои ги дефинираат светските брендови.
Запознајте го Concentrix + Webhelp и придружете се на нашиот тим: Concentrix + Webhelp [https://webhelp.mk/] расте со вас.
За Concentrix + Webhelp
Здраво, ние сме водечки глобален снабдувач на решенија и технологии за искуство со корисници (CX). Ние создаваме кориснички патувања кои прават значајни промени за некои од најдобрите светски брендови и оние што го менуваат светот каков што го знаеме. Секој ден, ние дизајнираме, градиме и спроведуваме корисничко искуство што им помага на брендовите да растат низ светот и во иднината. Без разлика дали се работи за специфично решение или целото патување од почеток до крај – ние го покриваме. Ние сме стратешки мислители кои дизајнираат искуства што го дефинираат брендот. Технолошки ентузијасти кои градат попаметни решенија. И оперативни експерти кои сето тоа го водат и прават да функционира беспрекорно. Во повеќе од 70 земји и шест континенти, нудиме услуги во клучни индустрии, вклучувајќи технологија и потрошувачка електроника; малопродажба, патувања и е-трговија; банкарство, финансиски услуги и осигурување; здравство; комуникации и медиуми; автомобилска индустрија; и енергетски и јавен сектор. Concentrix Corporation (NASDAQ: CNXC) работи под трговското име Concentrix + Webhelp – Локација: практично насекаде – посетете ја concentrix.com за да дознаете повеќе.