• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Резбите, иконостасите и слични копаничарски дела-вековен сведок за македонската историја, државност и идентитет

26/09/2022
во Актуелно, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Како што пред неколку стотини години резбите во дрво оставиле сведоштво за вековниот македонскиот национален и културолошки идентитет, копаничарството и во иднина треба да остане кај народот како начин на зачувување на македонштината.  Со оваа порака го започна  разговорот најпознатиот тетовски копаничар Будимир Апостолски кој триесетина години изработува резби во неговото ателје и така остава трага од богатата македонска култура.

Македонија е загрозена од сите страни и по сите основи вклучувајќи го и јазикот и идентитетот на македонскиот народ и затоа тој смета дека и преку културата и уметноста треба силно да ја претставуваме татковината пред светот.

-Сметам дека копаничарството е еден голем презентер на нашиот идентитет сметајќи дека нашите предци, нашите мајстори достоинствено ја презентирале културата односно копаничарството во светот. Тоа потврдуваат иконостасите Свети Спас, Курбиново, Свети Јован Бигорски итн, вели Апостолски.

Со едукација на други луѓе, Буде Пишман како што е познат во Тетово, се обидува да придонесе овој начин на пренесување на македонскиот идентитет да го знаат и го практикуваат што повеќе Македонци.

-Јас имам изработено шест иконостаси и две реставрации на иконостаси меѓутоа и сум горд на резбите во Музејот на македонската борба во Скопје. Библитотека ја имам изработено како резба со мои помошници. Изработени 25 метри квадаратни резба, рече Апостолски.

Тетовскиот копаничар ги применува сите видови резба-поткопана, ажурна, плитка, длабока. Најмногу работи на дрво од орев. Голем е предизвикот е да се достигнат мајсторите чии дела од пред неколку века се уште се во македонските цркви.

-Старите мајстори се бавеле исклучиво само со резбарство, си се дружеле во тајфи, работеле со години, а за разлика од денес вие знаете која е динамиката има други задоволстава, интернет, технологијата и така, што сметам дека се тоа влијае на губење, односно на вложување на време на квалитет на резба, вели Буде Пишман.

Копаничарите користат специјален алат-длето и чекан и во разни форми оставаат траги во дрвото со цел да се исцрта посакуваниот лик на резбата.

Александар Самарџиев за ТВ Алфа

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 27март

27/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Следна објава

За непрописно престигнување 46 казнети возачи вчера од 14 до 19 часот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.