• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Самка Ибраимовски: Лично видов со мои очи поткуп на гласовите на Ромите

24/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимовски на прес-конфренција објави дека самиот видел како се поткупуваат граѓани Роми да гласаат за некои од другите партии на вонредните избори за Совет на Тетово на 20 август.  Тој рече дека и покрај ваквите состојби ПЦЕР успеа да освои речиси 400 гласови.

-Им порачувам на политичките партии кои беа на локалните избори, мислам дека ова е последен пат што ќе можат да направат ваков хаос во pомската заедница. Морам да кажам дека јас лично со мои очи видов како симпатизер од една политичка партија, нема да ја именувам, пошто сум многу покултурен од нив, како дава пари на член на ромската етничка заедница. Лично видов со мои очи, значи не може да ме убеди никој дека немало поткуп. Цената се движела од 20 евра до 50 евра во зависност од притисок односно однесувањето на човекот кој треба да гласа за таа политичка опција. 400 гласа за нас се одлични при борба со шест парламентарни партии кои се во Тетово и со огромен број на пратеници, изјави Самка Ибраимовски.

Претседателот на ПЦЕР рече дека се соочил и со тие граѓани кои земале поткуп.

-Јас ги прашувам, тие ми одговараат-тоа е мој личен интерес. А не разбира дека така се како тоалетна харија, ги користата еднаш и ги фрлаат. Се додека вакви работи се додека доаѓаа во ромските маала, вака ќе биде во државата. Да ги оставите Ромтие да самите да си го трасираат патот. Јас не одев од куќа до куќа, како што дојдоа од министри и пратеници и ние оставивме на свеста на граѓаните.Немојте да ме допирате по град и да ме прашувате до кога вака. Еве ви шанса да ја исправите таа грешка, меѓутоа граѓаните на Тетово пак одбраа таа страна, до сега се жалеа од нив, нека им служи на честа и на граѓаните, порача Ибраимовски.

Според него ПЦЕР добила 371 гласа и имало околу 30 неважечки ливчиња, а според нивната евиденција 785 Роми биле изелени на гласање.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Приведена 45 годишна жена за напад на полицајка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.