• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се промовираше монографијата 30 години Здружение на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово

03/12/2022
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово“ вчера вечер ги заокружи своите активности поврзани со одбележувањето на триесет годишниот јубилеј со промоција на монографија за своите активности во изминатите три децении.


Присутните на промоцијата имаат можност преку видео приказ визуелно да проследат дел од активностите кои се спровеле во 30-те години постоење кои се евидентирани во монографијата. За публикацијата пригодно обраќање одржа Милутин Станчиќ, од Српскиот информативно-културен центар во Скопје.


-Ова здружение покажува како може да му се пркоси на едно време и со својата истрајност и масовност го покажа капацитетот за да достигнува резултати. Монографијата е на 50-тина страници, со фотографии и текст, имаме голем број имиња на луѓе чии потписи се на многу договори и така прецизно е показател на времето позади нас. За мене голем исчекор за Здружението е што пред десет години започна манифестацијата „Пишуваме и твориме на српски јазик“ која можам да кажам дека ги надминува и капацитетите на редовната настава, истакна во обраќањето Милутин Станчиќ.

Претседателката на Здружението Соња Андонов воедно е авторка на монографијата.

-Создавањето на оваа монографија истовремено претставуваше и лесна, но и тешка работа. Лесна, затоа што пред себе имав мошне обемен материјал – фотографии, извештаи, разговори, документи, написи. Но, од друга страна сепак беше тешко во смисла – што од сето тоа да се избере најзначајното и да се стави помеѓу кориците, а да не биде изоставено. При оформувањето на монографијата, самиот вид на делото наложуваше да бидат применети методите на дескрипција, историска метода и метода на интервјуирање и тоа индивидуално и слободно интервју, порача на промоцијата Соња Андонов.

Таа потсети дека главната активност на Здружението е фолклорот кому му е посветен посебен дел во монографијата.

-Тука е наведено неговото формирање, настапите, постигнатите успеси, наведени се имињата на кореографите, вокалните солисти, членовите на оркестарот и играорците. Тука морам да истакнам неколку, според мене, интересни моменти. Прво што се забележува на фотографиите се насмеани лица на играорците, било да се тоа фотографии од настапи, проби или неформални, групни, истакна Андонов.

Во монографијата посебно се одделени манифестациите коишто Здружението ги има  организирано по разни поводи, како што се поетски читања, театарски представи, настапи на естрадни уметници, проекции на филмови со што има оставено своевиден белег во културното живеење во градот.  Една од активностите којашто Здружението активно и мошне упешно ги спроведува цели 30 години се хуманитарните акции кои секако заслужија да бидат ставени во посебно поглавје.

Здружението е присутно и на одбележувања на значајни празници и датуми кои се од голема важност како за македонскиот, така и за српскиот народ. На ваквите одбележувања Здружението е присутно како учесник или организатор

 

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Со заплена на производи од импровизирани тезги Општина Тетово најавува борба против сивата економија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.