• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се’ уште се бара надзор за реконструкција на автопатот Тетово-Гостивар

19/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иако минатата година беше ветено дека во 2022 ќе се работи на реконструкција на автопатот Тетово-Гостивар односно изградба и на нов автопат, министерот за транспорт и врски денеска со ново ветување но и оправдување зошто се доцни. Не се успеало да се најде надзорна компанија.

-Имаше распишано постапка за избор на консултантска куќа и надзорен орган по што беше избрана и компанија која што ќе ги врши консултантските услуги, но поради тоа што не беше доставена банкарска гаранција од страна на таа компанија во дадениот рок, таа постапка беше запрена и е распишана повторно нова постапка за избор на консултант и надзор којшто ќе ја следи градбата од самиот почеток до крајот на Коридорот 8 и Коридорот 10, рече денеска министерот Благој Бочварски од Камењане каде беше по повод завршување со реконструкција на водовод.

Во јануари 2021 година по средба со тогашната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, министерот Бочварски најави дека ќе се работи физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово, а наредната 2022 година и работа на терен.

Ново ветување има и за единственот неасфалтиран пат во Тетовско до селото Луковица за каде Бочварски вели дека очекува скорешна координација Општина Желино.

-Локалните патишта како приоритет и до нас ги доставуваат локалните самоуправи. Ние очекуваме да во наредниот период во координација со општина Желино да ги утврдат конечно приоритетите согласно средствата коишто ги имаме на располагање за оваа општина и потоа да влеземе во постапка на тендерирње и избор на изведувач за приоритетите коишто ги даваат од страна на општина Желино, истакна Бочварски.

 

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

Заврши реконструкцијата на водовод во тетовско Камењане со владини пари преку Европска инвестициона банка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.