Соопштение СВР Тетово 28 февруари 2024
Вчера (27 февруари) во 12 часот и 55 минути, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 42-годишната тетовка П.С.. Таа била затекната при обид да изврши кражба на паричник на 54-годишна тетовка во една од собите на тетовската Клиничка болница. П.С. била задржана во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (27 февруари) околу 16 часот и 40 минути го лишиле од слобода 42-годишниот тетовец Б.Е., кој во 13 часот бил пријавен од 44-годишниот тетовец С.У.Н. дека околу 9 часот на улица „105“ во Тетово му се заканувал, а поради нивни претходни недоразбирања околу паркинг простор. Задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.