• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Тетовчанката Милица Серафимовска избрана за просветен работник на годината на град Скопје во категоријата стручен соработник

21/10/2022
во Актуелно, Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на просветни работници на град Скопје на манифестацијата Просветен работник на годината за град Скопје и додели признание за најдобар стручен соработник на град Скопје за учебната 2021/2022 на тетовчанката Милица Серафимовска.

Таа веќе 26 години работи како просветен работник во Oсновно училиште со ресурсен центар д-р Златан Сремец-Скопје.  Дипломирала Дефектошки факултет при Универзитетот во Белград во 1995 година.

Од 1996 година како дипломиран дефектолог таа почнува да работи во специјално училиште за деца со пречки во развој OУРЦ д-р Златан Сремец-Скопје. За посветеноста кон својата работа прво  говори и фактот што сите овие 26 години таа секојдневно патува на релација Тетово-Скопје-Тетово и е целосно посветена на воспитно-образованиот процес за деца, ученици со пречки во развојот.

По иницијатива на мнозинство на колеги од наставничкиот совет била предложена до Здружението да ја добие оваа награда уште во мај, а одлуката е донесена во август година.  Неделава во Скопје на свечената манифестација и беше доделено признанието.

Во ексклузивно интервју за Тетово инфо Милица Серафимовска вели дека оваа награда за неа претставува навистина големо признание за големиот труд што го вложила во речиси три децении работа со многу голема специфика.

-Нашата работа генерално е тешка и никогаш не сум сакала да се истакнам како најдобра затоа што сите работиме една сензитивна работа. Меѓутоа на наставнички совет дел од колегите предложија дека заслужено ќе биде ако бидам номиранана до Здружение на просветни работници на град Скопје. Како што некој што не е од Скопје голема сатисфакција ми е што се наметнав со мојата работа и стручност, а особено што наставничкиот совет ме номинираше. Уште поголема сатисфакција што прво колегите соработници ме поддржаа, важно е колегите да ти го признаат и да ти го ценат трудот. И да не се случеше наградата,  бев среќна што идејата потекнува од колективот. Лично имам големо задоволство, знам дека сум се вложила и мотивација уште повеќе да се вложам во оваа работа, институцијата да расте и најголем успех од ова да има заедницата затоа што работиме со ранлива категорија на деца, вели Милица.

Таа од 26 години, 24 ги поминала во настава, а од пред две години е стручен соработник односно тренер на образовните асистенти кои работат со ученици со одредена попреченост.

-Работев во настава 24 години па кога со трансформација нашето училиште стана основно училиште со Ресурсен центар прифатив нов предизвик. Со законот за инклузија и вклучување на децата во редовни училишта се смени структурата во нашето школо и јас аплицирав да станам тренер на образовни асистенти и од наставник дефектолог станав стручен соработник. Признанието е сублимат на досегашната моја работа. Имам учествувано на многу активности на ниво на училиштето, имам добиено голем број награди на натпревари, ликовни конкурси и слично со нашите учениците. Сертифициран Монтесори педагог со учество на бројни обуки за наставници за модернизација во образование, одржував обуки за наставници во тетовските училишта, проект на Здружението Церебрална парализа. Ова се докажува и со документација со сертификати од бројните семинари, проекти што сум работела и претставува сублимат од мојата долго годишна работа во колектив, ни раскажа Милица Серафимовска.

Работата со деца со пречки во развојот е работа која не може секој добро да ја работа, ако не ја сака, вели нашата соговорничка.

-Тоа е многу чувствителна и тешка работа, многу сензитивна работа, бара труд и голема посветеност. Ако не си посветен на професијата, не можеш да постигнеш резултати. Потребно е многу комуникација, мора да покажеш многу вештини и знаење. Да го водиш процесот, кој е многу тежок процес, многу се заговара инклузија но се прават мали чекори кои пак се многу значајни за унапредување на состојбите и еднаквост на луѓето.

Во Ресурсниот центар таа е тренер на образовни асистенти и координатор на Полошки регион. Ги координира образовните асистенти од целиот полошки плански регион сите тетовски и гостиварски општини се до Маврово и Ростуше.  Воедно работи и индивидуални третмани со ученици по модифицирана програма во Ресурниот центар. За време на пандемијата адаптирала наставни содржини кои можат родителите заедно со учениците да ги следат на интернет.

-Родителите мора да бидат партнери затоа што се работи за деца со комплекси проблеми, најчесто деца кои што не говорат и почнав да работам адаптација на наставни содржини. На Ју-тјуб канал поставив многу бројни адаптирани наставни содржини кои помагаат децата полесно да учат во домашни услови. По препорака на стручно тело односно тим МКФ (Меѓународна класификација на функционалност)  како стручен соработник давам поддршка на деца што се инклузирани веќе во редовните училишта и работиме индивидуални третман.  Работам со ученици кои имаат препорака да работат модифицирана програма и работиме индивидуални третмани со колегите што сме соработници во Ресурсниот центар, објаснува Милица.

Милица освен во образованието, е посветена и на семејството сопруга и мајка. Во Тетово учела во ОУ „Андреја Савески-Ќиќиш“ и средното медицинско училиште „Никола Штејн“,  а образованието го завршува на студиите по дефектологија на Универзитетот во Белград.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Следна објава

„Златна есен во нашето училиште"-изработено есенско катче во ООУ „Братство-Спортски центар“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.