• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската пожарна со 660 интервенции во 2022 година

30/12/2022
во Актуелно, Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од 1 јануари до 30 декември денеска Територијалната противпожарна единица Тетово има вкупно 660 интервенции, сублимираат од оваа служба за работата во текот на 2022 година.

-Завршуваме година полна со предизвици и тешкотии во остварувањето на нашата професија како пожарникари. Во текот на оваа година што ја оставаме зад себе имаше 660 интервенции кои беа пожари во разни објекти и на отворено, технички интервенции, интервенирање и дејствување на сообраќајни незгоди и разни други инциденти. Во овој период бевме активни и подготвени 24 часа да бидеме блиску до нашите граѓани, изјави командантот Авни Амети.

Според него добро е што во текот на годината имало набавка на опрема за противпожарна заштита.

-По успешната соработка со УНДП, успеавме како донација да се снабдиме со теренско возило, комбе кое ќе служи за интервенции во сообраќајни несреќи, друга колективна и лична опрема за противпожарна заштита и електронска опрема за канцеларијата.  Од еден наш сонародник кој живее и работи во Швајцарија, ни се снабдени два пара моторизирани ескалатори. Од Дирекцијата за заштита и спасување снабдени сме со теренско возило кое многу помага во гаснењето на пожари на тежок терен. Имавме и помали донации од поединци и различни компании, кои се голема помош за нашата единица, вели Амети.

Тој потсети дека  во текот на оваа година пожарникарите биле на бројни обуки, а нивни лиценцирани инструктори обезбедиле професионална обука за новопримените пожарникари. Во 2022 тетовските пожарникари добија и зголемување на платите врз основа на законот за пожарникари, а имаат подобри услови за работа и престојот на пожарникарите во станицата.

ас

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Петтоодделенци од ООУ „Гоце Делчев“-Тетово беа дел од проектот Волшебна интеркултурна мрежа на пријателство-модул 5

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!