• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Националниот парк и планинарските клубови со акции за собирање отпадоци

02/05/2023
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Првомајските излети во природа резултираа со оставен смет од излетниците на подрачјата на националниот парк Шар Планина, а освен денешното расчистување од установата најавуваат повеќе вакви акции заедно со планинарските клубови. Веќе е изработен распоред и концепт на соработката во текот на мај и почетокот на јуни при што и веќе познатите планинарски патеки ќе се расчистуваат од фрлените отпадоци.

-Поради доброто време Шар Планина беше атрактивна дестинација за продолжениот викенд, а ова е сликата која излетниците ја оставија зад себе.  чуварската служба на паркот собра 47 вреќи отпад. Потсетуваме, на излетничките места нема организирано собирање на отпад и затоа апелираме да секој посетител со себе ги понесе своите отпадоци. Националниот парк и љубителите на природата од викендов веќе „му објавија војна на отпадот”, а продолжуваме со заеднички сили во месец мај да се залагаме да блесне Шара, информира Анела Ставревска Панајотова, раководител во одделението за заштита на природата.

Вакви акции имало и во последните денови од април, а се продолжува претстојниот викенд.

-На 7 мај се организира собирање на отпад од с. Бозовце до место викано Гајрина. 8 мај, чистење на патот од Попова Шапка кон Тетово од вработените во паркот, но добредојден е секој кој сака да се приклучи на акцијата. На 13 мај, Националниот парк се приклучува на акцијата Генералка Викенд која ја спроведува Општина Тетово. На 14 мај, ПК Љуботен, ПК Тетекс, ПК Јелак и ПК Аргентус организираат собирање на отпад на потегот од с. Вејце кон Кобилица, информираа од Национален парк Шар Планина.

При крајот на месецот се определува локација за акција на 20 мај, додека во пресрет на традиционалното искачување на Титов врв на ПК Љуботен акции ќе има насСкијачкиот центар Попова Шапка и на потегот од Титов Врв кон скијачкиот центар на 27 и 28 мај. Во јуни ќе се работи на Боговињско Езеро и локацијата Рамен Камен.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Притвор за приведен турски државјанин во Тетово кој се барал со меѓународна потерница за 15 години затвор

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!