Почитувани, Македонско – хрватското друштво (МХД) Ве поканува на „Вечер со тамбураши“, на 1-ви јуни (сабота), во ресторанот „Арена“ во Тетово, со почеток во 20 часот.
Тамбурашкиот оркестар „Дора Пејачевиќ“ од Нашице, Хрватска, под диригентска палка на Деан Копри, по турнеите низ Европа и соседството, за прв пат доаѓа во Македонија.
Тие во Тетово ќе одржат едночасовен концерт, со изведба на околу 15 нумери. Станува збор за високонаградуван оркестар, составен од сегашни и поранешни ученици од Музичкото училиште во Нашице.
За одличната атмосфера, како домаќини од Тетово, ќе се погрижат тамбурашите од групата „Скадарлија“.
Цената на влезниците со вклучено мени со неограничено пиење изнесува 1.000 денари.
Информации и резервации на: 071333661 („Арена“) и 070378503 (МХД) Ве очекуваме на вечер со тамбураши, вечер за паметење!