• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

За генијалните деца како Македон Министерство за образование нема посебни планови за поддршка- можностите се меѓу постојните политики за поддршка на талентираните ученици

03/09/2022
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Најверојатно меѓу стотиците вработени во Министерството за образование нема никој да отвори предмет Македон, за да ова дете-гениј добие некоја поголема поддршка како талентиран ученик со натпросечна интелигенција.

Министерството не даде конкретен одговор дали некој ќе го бара таткото на Македон и со што точно можат навистина да му помогнат. Испратија една долга листа на можности, кои наликуваат на делови од веќе познати за јавноста општи стратегии, планови и програми развој на образованието.

Така велат дека талентираните ученици со одлука на Наставнички совет можат да напредуваат и забрзано, но најмногу до два пати за време на школувањето да преминат во наредно одделение, За учениците со натпросечна интелигенција се организираат и додатни активности, односно следуваат дополнителни бенефиции.

Од пред две години Математичко – информатичка гимназија во Скопје се нуди како специјализирано училиште за талентирани ученици во математиката, физиката и информатиката. Според Министерството, за развој на таленитирани ученици државата помага со разни видови стипендии и надоместоци, а повторно имаат ветување дека ќе се унапредат политиките за поддршка на талентирани ученици.

Од кабинетот на претседателот велат дека Пендаровски ќе се заложи кај министерот за образование за обезбедување поддршка за Македон, со цел да може успешно да го продолжи своето образование и развој како млад талент.

Уште во мај кога Македонија дозна за успесите и генијалноста на Македон, наставниот кадар предупреди-треба да се поддржат талентираните деца. Инаку ќе заминат во странство.

-Во моето долгогодишно работење како професор сум имала талентирани деца, вакви не. Пример од област на јазикот и така. Сум ги насочувала и голем дел од нив токму тоа го одбрале како идна професија. Овде се работи за нешто исклучително, и мене многу мие жал затоа што ваквите исклучителни деца секој пат ќе ни завршат во странство затоа што другите држави умеат да го препознаат и да го вреднуваат нечиј ум, изјави професорката Ружа Ѓорѓевска.

Македон веќе во раце има три светски златни медали на натпреварите по математика. Ако не се смени ништо во односот на државата кон него, дефинитивно тој нема повеќе да го носи светот тука, туку ќе го побара самиот да го освои.

Александар Самарџиев

 

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

СВР Тетово: Од 22 до 04 часот откриени 16 лица кои возеле под дејство на алкохол

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!