Вработените во ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и ТБЦ Лешок информираа дека почина Марица Божиновска, медицинска сестра во амбулантата, со стекнато високо образование.
-Последен поздрав до нашата почитувана и драга колешка Марица. Горди сме што беше наша колешка и соработник, беше врвен професионалец посветен на својата професија но пред се беше човек со големо срце исполнето со љубов, добрина и почит кон сите нас. Иако засекогаш не напушти твојот лик и дело твојата харизма и насмевка никогаш нема да бидат заборавени, Добрите луѓе никогаѓ не умираат. Нека ти е вечна слава и почивај во мир, напишаа вработените.
Марица Божиновска е родена 1978 година, сопруга и мајка на две деца.