Денес во просториите на Служба за трансфузиона медицина во Клиничка болница Тетово се одржува првата крводарителна акција во 2020 во градот Тетово. Акцијата за крводарување започна во 9 и ќе трае до 19 часот.
-Во јануари прва крводарителна акција имавме во село Брвеница каде од 42 пријавени, 31 човек ја дарувааа својата крв. Наредната акција е предвидена за идната недела во касарната Кузман Јосифоски-Питу во Тетово, изјави секретарот на општинската организација на Црвен крст Тетово, Шкелќим Мурати.
Во 2019 собрани се 1682 единици крв вкупно во сите 50 крводарителни акции во Тетово и Тетовско. Крв дарувале 1448 мажи и 221 жена. Од 50-те акции 35 биле на терен, а 15 во службата за трансфузија.
А.С