Членовите на црковните одбори на двата православни храмови во тетовско Џепчиште започнуваат акција за реновирање и уредување на двата објекти и апелираат до граѓаните да донираат средства. Потребни се донации за реновирање и доградба на верските објекти црквата Свети Атанасиј и манастирската црква Света Богородица.
-Предвидуваме изградба на потпорен ѕид во црквата Свети Атанасиј, изградба на паркинг простор во склоп на црквата, влезна врата, оградување на дворот и изградба на санитарен чвор. За манастирската црква Света Богородица потребно е да се изгради пристапен пат со плочки со површина од 1000 метри квадратни, оградување на дворот, изградба на санитарен чвор во склоп на Манастирот, информираат од иницијативниот одбор за уредување и реновирање на црквите во село Џепчиште.
Граѓаните и верниците може да донират на жиро сметка 2904000088765-98 во ТТК банка. Манастирскиот комплекс кај Џепчиштани познат како Голем Манастир каде се наоѓаат двата верски објекти се наоѓа на четири километри од Тетово.