• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 30 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
во Актуелно, Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовчанката Елизабета Анастасова минатата недела со своето куче-милениче спасувала „жива“ глава со трчање бегајќи од глутница бездомни кучиња кај плоштадот. Таа вели дека секојдневно се плаши да се излезе од дома со миленичето, а оваа случка и предизвикала голем шок.

-Почнаа да трчаат три големи кучиња кај плоштадот, сум бегала и сум викала од страв, не знаев дали ќе останам жива. За две минути ќе ме снемаше. Среќа побегнав, се тресев и плачев од шок уште 24 часа кога размислува што сè може да ми се случи, раскажува Елизабета.

Таа вели дека крајно време е да се најде решение од општината за овој проблем. Како за неа и за другите жителите на Тетово, особено со мали миленичиња, излегувањето од дома за неопходната прошетка претставува голема опасност по здравјето и животот.

-Јас сум една недела во шок, тоа беше страшно. Година и половина се мачам да излезам со кучето милениче да го прошетам, опасност има насекаде низ градов да не нападнат бездомни кучиња и да не искааат и мене и кученцето. Тоа е раса бушон, мало куче, многу мирно. За тоа што имаат правилник за штета, тоа е не решение. Треба да се најде начин да се тргнат бездомните кучиња од улица. На секого па и на мене помил ми е животот и здравјето отколку парите. Многу сум разочарана и уплашена, ни вели Елизабета.

Дека тетовци мака мачат со кучињата скитници говорат и бројките.  Од 1 јануари до денес само во СВР Тетово има 40 пријави на граѓани кои побарале да се евидентира дека биле повредени поради напади од бездомни кучиња.

Општина Тетово оформи правилник со цел да се спогоди за штета со граѓаните доколку бидат повредени од каснување од куче скитник.

-Досега поднесени се 32 барања за надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња. Комплетно разгледани се шест барања, од кои  три се основани односно истите се одобрени. За останатите три, Комисијата бара да се дополнат за повторно разгледување, информираше Милена Вучевска, портпарол на Општината, додвајќи дека поени и висина на оштета се интерни информации.

Од друга страна, во меѓувреме овој правилник пред Уставен суд го оспори тетовски адвокат. Тој оспорува што има нееднакви критериумите за утврдување на висината на надоместокот на штета предизвикана од куче бездомник.

ас

Поврзани објави

Вести

Честите врнежи од дожд помогнаа да има чист воздух во Тетово

30/05/2023
Вести

Oткриени и санкционирани 32 прекршоци за неправилно и непрописно престигнување

30/05/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-Пријави за напад врз дете и измама, украден лаптоп од џамија, повреден велосипедист

30/05/2023
Вести

Промоцијата на волонтерството како начин младите да активно да решаваат проблеми во заедницата

30/05/2023
Вести

Во Загреб е поставена изложбата „Убавите жени“ на тетовскиот уметник Славчо Максимовски

30/05/2023
Вести

Универзитетот во Тетово го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов

29/05/2023
Следна објава

Дете на 15 години - најмлад меѓу 80 лишени од слобода за најдена дрога во 2023 година

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!