Цариник во тетовскиот царински терминал открил двајца мигранти кои биле во камион со велешки регистарски ознаки, па ги пријавил во полицијата. Двајцат се приведени.
-Вчера околу 9 часот и 10 минути, вработен во Царинскиот терминал во Tетово во СВР Тетово пријавил дека во товарно моторно возило „даф“ со велешки регистарски ознаки, кое пристигнало од Турција, биле пронајдени двајца мигранти од Авганистан. Двајцата мигранти, Г.С.(20) и В.Х.(26) приведени се и задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Подоцна двајцата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
ас