СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ќ.(34) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“, информира денес Минситерството за внатрешни работи.
Според МВР, пријавениот, во текот на 2020, во својство на инвеститор на ул. „Иво Лола Рибар“ во Тетово, на катастарска парцела која гласи на име на Република Северна Македонија изведувал градежни работи – доградба на постоечки објект, без одобрение за градба издадено од надлежен орган.