Излезност од 45,47 отсто се бележи на 117 избирачки места во Општина Тетово, информираат од ОИК Тетово.
Гласале 37.244 граѓани од вкупно евидентирани 85.577 граѓани со право на глас.
Во руралните општински центри и понатаму излезноста е помала. Во Боговиње има излезност од 35,58 % односно гласале 10.068 од 28.307 вкупно граѓани.
Брвеница бележи излезност од 44,00 % при што 6918 граѓани од вкупно 15.732 луѓе излегле на гласање.
Во Теарце од 22.450 граѓани гласале од 8278 или 36,90 отсто Општина Желино има излезност од 41,84 % , со тоа што 10.242 од вкупно 24.485 граѓани гласале за избор на градоначалник.