На денешната 46-та седница на Советот на општина Тетово се донесе одлука за основање на Јавно претријатие „Градски православни гробишта“ . Ова ќе биде ново јавно општинско претријатие, чија дејност управување со православните гробишта во градот Тетово досега беше дел од Секторот Комунална хигиена при Јавното комунално претријатие „Тетово“.
-Советот даде согласност за основање. Сега има рок, ќе треба да се регистрира јавното претриајтие во Централен регистар како и формирање на управен и надзорен одбор. Ова претријатие ќе раководи и со новозиградената капела. Мислам дека за еден или два месеци претријатрието ќе биде во функција, изјави Беким Мемети, претседател на Совет на Општина Тетово.
Претријатието според предлог одлуката има оснивачки влог од 25 илјади евра, а работата ќе се ја извршува согласно законот за гробишта. Вработените во досегашното одделение за православни гробишта при ЈКП Тетово ќе бидат преземени од новото јавно претријатие.
А.С