Полициски службеници на Секторот за внaтрeшни работи Тетово целосно расчистија шест кражби на мотоцикли и вчера (19 јуни) околу 12 часот и 10 минути во Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец В.Н.Тој се сомничи дека минатиот и овој месец од улици, дворови пред куќи и на други места противправно одзел шест мотоцикли, од кои три се понајдени во неговиот дом.
Пронајдените мотоцикли се вратени на нивните сопственици, а против В.Н. ќе следува соодветен поднесок по членовие 235 и 236 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.