Тетовските пожарникари вечерва гасеа пожар што избил под трибините на градскиот стадион. Се запалил еден дел од подтрибинскиот простор, инаку со деловна намена како дуќани или работилници. Нема повредени во пожарот кој избил во 20.35 часот, а е ликвидиран во 21.45 часот.
-На почетокот бевме доведени во опасност поради таканаречена појава на „фрлање на струјата“, односно ненадеен проток, кратки споеви и мали експлозии. Затоа што водата е спроводник на електрична енергија не можевме веднаш да интервениравме па тоа беше направено отакко беше исклучена струјата. Употребивме вода со пена за да се спречи понатамошното ширење на огнот. Изгореа и дел од столчињата на стадионот, изјави Ука Алити,командант на тетовската пожарна.
Тетовската против пожарна единица интервенирала со четири возила и девет пожариникари.