Фудбалскиот клуб Тетекс преку својата интернет страница го претстави новиот домашен дрес за новата сезона 2021/22. Станува збор за бело-сина комбинација.
-Голема благодарност упатуваме до модната куќа Darsky кој специјално ги изработи новите дресови за нашиот клуб. Бело-сината комбинација кои се нашиот идентитет се враќаат повторно назад. Се надеваме дека со новиот дизајн ќе ги израдуваме нашите фанови. Новиот дрес наскоро ќе биде достапен и на офицјалната интернет продавница на ФК Тетекс, информираат од клубот.