По 30 дена рамазански пост денес верниците од исламска вероисповед го празнуваат Рамазан Бајрам. Одбележувањето започна со празнична утринска молитва во џамиите, по што се посетуваат гробовите на починатите.
Празничниот ден потоа продолжува по домовите, односно се посетуваат најблиските за да се честита Рамазан или Фитер Бајрам.
-Потоа се враќаме дома, ручуваме за Бајрам, па потоа излегуваме кај комшиите, кај роднините, кај фамилија, све што имаме во тој град каде што живееме. А потоа се обраќаме на другите градови без разлика каде имаме семејство, вели Буран Муслиу од Тетово чиј дом го посетивме за да видиме како се празнува денешниот празник.
Во посета насемејството на Буран, ги затекнавме неговиот стрико Кадрија и братучедот Нуран со синовите. Домаќинките подготуваат кафе и благи работи за да се пречекаат гостите.
-За денот на Бајрамот се знае традиционално кој ни останало од порано, жените готват баклава, шеќер-паре, различни благи работи татлии да ги кажеме на турски збор, каде што е најинтересно, секогаш кога ќе одиме на посета кај другите ќе гледаме што изготвиле и тие благи работи0, изјави Буран.
Радоста на празникот е да го споделиш и да празнуваш со што повеќе луѓе, вели стрикото Кадрија.
-Фитер Бајрам, тоа е за деца да се радува, да му купиш нешто облека. После, за сиромашните оние што немаат, мора да му дадеш нешто и тие да имаат. 00.14 + 00.29 Ја како дете памтим, чичко од мајка, ми дал едно бонбонче, денес јас кажувам Бог, рај да му дава, рече Кадрија.
По речиси два и пол месеци од денешниот празник се одбележува и следниот празничен ден Курбан Бајрам.
Александар Самарџиев за ТВ Алфа