Од денес до петок Уметничка Галерија во Тетово може да се погледат делата на светски познатиот 3Д уметник, Адам Мартинакис, кој за прв пат се претставува во Македонија со самостојна изложба. Во тетовската галерија изложени се 16 негови фотографии-уметнички дела.
-Адам Мартинакис од 2000 година работи и експериментира со компјутерски генерирани визуелни медиуми (3Д дигитална слика, анимација, дигитална скулптура, дигитално видео, нови медиуми). Мартинакис го споделува своето знаење за дигитални уметности и дизајн, графика, дизајн на ентериер и керамички дизајн на многу уметнички институти. Тој е член на грчката ликовна комора и во моментов живее и работи во Полска, а има и многу ангажмани во Грција и Велика Британија, информираат од националната установа „Уметничка Галерија Тетово“
Авторот е роден во Лубаш, Полска во 1972 година и е со полско и грчко потекло. Во 1982 година се преселил во Атина, Грција каде подоцна студирал архитектура за ентериер, украсни уметности и индустриски дизајн. Тој е творец на делото „Последниот бакнеж“.
А.С