Маж од Тетово на 69 година е хоспитализиран откако кај него е утврден позитивен тест на коронавирус, изјави денес д-р Шабан Мемети директор на Институт за јавно здравје при посетата на тетовскиот центар за јавно здравје. Со тоа Тетово го има и првиот заболен со Ковид 19.
-Сношти е утврдено дека кај маж на 69 години бил позитивен на тестот за коронаврусот. Тој е хоспитализиран, не ми е позната состојбата бидејќи дојдовме од Скопје во Тетово. Тој бил и претходно на болничко лекување на клиниката во Скопје и тука во Тетово. Сите блиски конакти и здравствени работници ќе бидат анкетирани од епидемиолозите од тетовскиот Центар за јавно здравје, изјави Мемети.
Во Тетово се направени над 30 тестови досега.
-Тестовите се прават во на Институт за јавно здравје Скопје во лабораторија за вирусологија и дијагностика. Во моментов тука имаме пет пункта за рурални места, се земаат епидемиолошки анкети, вклучени се и матични лекари, рече Мемети.
Тој заедно со претседателот на комисија за заразни болести д-р Жарко Караџовски се сретнаа со директорите на Центарот за јавно здравје, Клиничка болница и Здравствен дом.
Задоволни сме од пристапот на тетовските установи. Апелираме граѓаните да ги почитуваат правилата и препораките на Светската здравствена организација и да се прават тестови на сомнителни случаи по индикација, рече Мемети.
А.С