• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Протестираа вработените во јавното здравство- бараат да не им доцни платата и поради не потпишаниот анекс на колективниот договор за зголемување на платите

22/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во времето за пауза од 10 до 10 часот и 30 минути денеска синдикалната организација на Клиничката болница Тетово, Здравствен дом Тетово, Центар за јавно здравје денеска одржа полчасовен протест.

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита  го организираше протестот, а го поддржаа речиси сите доктори и другиот медицински персонал од овие здравствени установи.

-Денеска излеговме на протест поради доцнењето на платата што беше само капка која ја прели чашата на незадоволството во здравството. Незадоволни сме поради сé уште не потпишаниот анекс на колективниот договор за покачување на платите. Денеска протестираме и за неисплатата на К-15 бидејќи за здравството повторно нема исплата, протестираме и за непотпишувањето на новиот Колективен договор со кој треба да се унапредат правата на здравствените работници. Денеска исто така денеска излеговме да протестираме за достоинството на здравствените работници, а против навредливиот однос на Министерството за здравство и Владата кон здравствените работници. Денеска излеговме за да нé видат дека ние сме тука и ние постоиме- изјави Слободанка Грнчаровска, претседател на Синдикалната организација.

Тетовските лекари и друг медицински персонал велат дека иако платата им е пуштена вчера, не е во ред цел месец да останат без пари и дека платата сé уште не е исплатена во сите медицински установи во државата.

фото Зоран Андонов

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Пријавен физички напад-тројца истепале 29 годишник, му се заканувале и со ножеви

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.